Филипче: Нема нови заболени од коронавирусот, угостителските објекти да работат до 18 часот

Филипче: Нема нови заболени од коронавирусот, угостителските објекти да работат до 18 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека нема нови случаи на лица заболени од коронавирусот. Кај тројца пациенти заразени со коронавирусот кои се на Инфективната клиника во Скопје, има лесно влошување на состојбата. Како што истакна министерот, овие лица, кои се над 65 годишна возраст, имаат поотежнато дишење, но не е потребна респираторна поддршка.

Исто така, министерот за здравство потенцираше дека после разговорот со колеги од Италија, било посочено дека во северниот дел на државата, ширењето на вирусот престанало после воведувањето на најригорозните мерки. Тоа, нагласи Филипче, укажува на потребата од носење порадикални мерки. Во таа насока, од денеска се воведува забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на присутни, вклучително концерти, кина и сл. Кафетериите и сите угостителски објекти ќе работат до 18.00 часот со преполовен капацитет во внатрешниот дел од објектите. Новото работно време се однесува и на казината и обложувалниците.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …