Филипче: Ниеден член на СДСМ нема да биде оставен настрана, неислушан и непочитуван

Филипче: Ниеден член на СДСМ нема да биде оставен настрана, неислушан и непочитуван

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Венко Филипче.

Изјавата на проф. д-р Венко Филипче ја пренесуваме во целост:

Денеска со посебно задоволство ќе поднесам кандидатура за претседател на СДСМ. Сметам дека е убав ден за демократијата, имајќи предвид дека сме единствена партија во која членовите непосредно го избираат претседателот. Секој член има прво да гласа, не е делегатскиот систем и втората работа е што овој ден означува симболично почеток на реформа и на промена во партијата. Јас со кандидатурата ќе поднесам и програма во која се напишани основните постулати на тоа како, доколку бидам избран за претседател ќе работам, а тоа е посветено, професионално со целата моја енергија и знаење. Програмата се темели на информации, сугестии, барања, што ги слушнав од огромниот број на наши членови со кои што имав чести средби изминативе 2-3 месеци. Тие јасно укажаа што е тоа што сакаат да се промени во партијата и токму тоа е ставено во таа програма. Партијата ќе работи целосно посветено и многу попрофесионално. Во оваа трка влегувам сам, сметам дека секој кој и да биде избран за претседател треба тимот да го направи после изборот, немам никакви преговори со никого. Слушнав за повикот да се потпишат некакви изјави јас сметам дека не треба да има никакви ограничувања и кој и да биде избран за претседател тимот да го прави понатаму без разлика дали некој учествувал во изборната трка за претседателот или не. Сметам дека тоа не треба да биде никаков ограничувачки фактор, сметам дека тоа е некаква форма на поделеност уште на почеток, нас тоа не ни треба. Сметам дека треба да имаме фер плеј и тоа ќе го предложам на една заедничка средба со сите останати кандидати кои ќе се пријават завршно со утрешниот ден кога истекува рокот, за да ги договориме сите тие правила на игра, за на крајот од ова претседателска трка кој и да победи да излеземе заедно посилни, пообединети. Поделби во овој период на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најмалку му се потребни.

Дозволете да упатам уште една порака до гласачите до членовите на СДСМ доколку бидам избран за претседател ќе работам навистина посветено, така како што јас знам. Сакам да упатам порака дека резултатите ќе ги видат многу рано, такви позитивни промени какви што бараат нашите челнови и дека ниту еден член на партијата, никогаш повеќе нема да остане настрана, несослушан или екскомунициран. Јас ќе бидам достапен во секој еден момент од денот, понатаму доколку бидам избран за претседател, на тие кои што ќе се дел од тимот можам да им ветам само многу работа.

Прочитајте повеќе

Лукаревска

Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис

ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз …