Филипче: Плановите на Мицкоски да стави „свои луѓе“ во судството, е најава на ДПМНЕ за ставање рака врз правосудниот систем

Филипче: Плановите на Мицкоски да стави „свои луѓе“ во судството, е најава на ДПМНЕ за ставање рака врз правосудниот систем

„За само 100 дена, Мицкоски веќе ги открива плановите за целосна контрола на правосудството, ова не е реформаторска влада“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче за време на вчерашната посета на Прилеп.

„Мицкоски вели дека ако резултатите од истрагите во судството не бидат според неговите очекувања, ќе предложи ‘негови луѓе’ за сите позиции во правосудството. Што значи тоа? Значи дека веќе размислува да го партизира судството, дека размислува како да го одземе тоа што со многу мака го стекнавме – слободата и демократијата“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче посочи дека ваквите изјави се загрижувачки и всушност ги откриваат плановите на Мицкоски за контрола на правосудниот систем.

„За само 100 дена, Мицкоски веќе ги открива плановите за целосна контрола на правосудството. Ова не е реформска влада. Ова е власт која сака да ја врати Македонија назад во времето на страв и репресија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Прочитајте повеќе

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

Синоќа во Прилеп на 71-годишна возраст почина Јове Магдески, мајстор на фудбалската игра и еден …