Филипче: Предлог-законот за образование ги деградира младите кадри и ги протерува од државата

Филипче: Предлог-законот за образование ги деградира младите кадри и ги протерува од државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцираше дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофални лоши. Наместо унапредување на квалитетот, владата воведува контрола врз универзитетите една форма на тоталитаризам и создава дискриминација кај младите.

Филипче, информираше дека член 175 создава неправичен систем кој ги деградира младите кадри, а им овозможува продолжено влијание на веќе пензионирани професори.

• Додека младите наставници и асистенти автоматски се соочуваат со рестрикции, исклучување и несигурност, пензионирани професори добиваат право да предаваат и да користат институционални ресурси. И ова создава сериозен генерациски дисбаланс, го блокира природниот процес на академска обнова и практично го поттикнува одливот на млади кадри од државата. Наместо систем што ги охрабрува младите, добиваме закон што нив ги оттурнува. Со една реченица ќе се протеруваат од државата најдобрите умови, истакна Филипче.

Тој додаде дека ова значи партизација и контрола на власта врз клучните сектори.

• Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите, отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди. Со една реченица класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата. Со овие предложени измени, брутално се централизира моќта кај министерот и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите”, нагласи Филипче.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …