Филипче предложи полицискиот час и мерките да важат до 15 јуни, од Ирак пристигнал пациент заразен со индискиот сој на вирусот

Филипче предложи полицискиот час и мерките да важат до 15 јуни, од Ирак пристигнал пациент заразен со индискиот сој на вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, денеска на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) му предложи полицискиот час и мерките против ковид-19 да останат да важат до 15 јуни на територија на цела држава, соопшти Министерството за здравство.

Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е за да се ограничи дополнително групирање на лица во доцните часови.

„Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територија на цела држава“, вели министерот за здравство.

Тој додава дека на Инфективната клиника за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии.

„Според последната епидемиолошка анализа, нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Од ова министерство информираат и дека минатата недела кај еден пациент, кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета на болницата, пациентот бил вратен од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.

„Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик“, смируваат од МЗ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …