Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче го промовираше новиот антикорупциски тим, како дел од програмата „Нова сила“, чија цел е системско разобличување на коруптивните шеми и злоупотребите на актуелната власт.

„Формиравме антикорупциски тим во рамките на нашата програма ‘Нова сила’. Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Тоа е професионален тим, советници, експерти во областа на правото, во областа на финансиите“, изјави Филипче.

„Што ќе работи овој антикорупциски тим? Токму тоа што го гледаме овие денови –истражување скандали, анализирање документи, разоткривање на сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме и соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму“, посочи Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека мотивацијата и енергијата за оваа иницијатива доаѓа токму од младите луѓе во партијата кои, како што рече, се подготвени да градат вистински европски вредности.

„Тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во Европска Македонија. За скоро ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали“, истакна Филипче.

Со ова, СДСМ ја отвора новата фаза на јавно и транспарентно разобличување на криминалот, со цел државата да се врати на вредностите на правда, отчетност и европска перспектива.

Прочитајте повеќе

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека …