Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Струмица присуствуваше на поставување камен темелник на новиот пазар во Струмица кој ќе биде најголем пазар во државата. Пазарот ќе се протега на површина од 42.000м2 и е еден од многуте проекти на градоначалникот Костадин Костадинов и општината. Филипче истакна дека ваквите проекти го зголемуваат квалитетот на целокупното живеење во една општина.

„Камен-темелникот на воведувањето во работа на градскиот пазар тука во Струмица за прв пат со таков капацитет со над 40 илјади квадради којшто има вредност од над 230 милиони денари во ваков еден крај во којшто земјоделството е главна дејност, граѓаните ќе го осетат како благодат. Ова не е единствен проект, градоначалникот спомна уште неколку проекти коишто или се одвиваат или допрва ќе треба да почнат во општината. Заедничко за сите тие проекти е што сериозно го зголемуваат квалитетот во општина Струмица. Тоа е доказ дека градоначалниците на СДСМ работат одговорно во интерес на граѓаните, работат рационално и навистина брзо ги остваруваат сите проекти што се ветени во нивните програми“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Прочитајте повеќе

Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Соопштение за јавност на СДСМ Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии …