Филипче: Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет

Филипче: Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет

Министерот за здравство Венко Филипче вчера по реакциите од граѓаните на социјалните мрежи и по пишувањата на медиумите за неможноста да се закаже тестирање за ковид-19 на товар на државното здравство, порача дека силниот есенски бран ги оптоварил лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.

„Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата “, нагласи министерот за здравство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …