Филипче: Вирусот има широка инфекција, ако е потребно ќе се воведат нови мерки

Филипче: Вирусот има широка инфекција, ако е потребно ќе се воведат нови мерки

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, било заклучено утрово на редовна координација на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на клиниките.

„Во ковид-центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, претстојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Афион Опиум

OJO: Единаесет килограми опиум пронајдени во двор во Велес

Осомничениот држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања која му …