Филипче за Мицкоски

Филипче: Владата ги излажа работниците – ништо од ветувањето за повисоки плати

  • Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а државата се наоѓа во тешка економска и социјална криза, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во интервјуто на телевизија Канал 5.

Филипче нагласи дека е неприфатливо да има пари за тротоари и фонтани, а да нема за зголемување на платите на работниците.

  • Нема 50 милиони евра за плати, а има 500 милиони евра за тротоари и фонтани. Ако навистина економијата оди добро, зошто премиерот не ги зголемува платите туку вели дека нема пари? Очигледно нешто не е како што треба. Храната поскапе за 20%, струјата за 30%, парното за 5%, а трошоците за живот се зголемени за 5%. Ако тоа не бара инвестирање во платите, што друго бара?, праша Филипче.

Тој исто така посочи дека е несериозен потегот на премиерот Мицкоски, кој тврди дека зголемувањето на платите треба да биде предмет на договор меѓу работодавачите и работниците, со што директно се нарушува принципот на функционирање на Економско-социјалниот совет.

  • Владата е незаинтересирана за стандардот на граѓаните и работниците. ВМРО-ДПМНЕ има историја на злоупотреба на работниците – видовме како во 2022 година ја поддржаа иницијативата на ССМ за зголемување на платите, а сега имаат можност тоа и да го реализираат. Наместо тоа, ги лажат работниците – им ветуваат дека се борат за нивните права, бараат поддршка на избори, а потоа ништо не преземаат, изјави Филипче.

Прочитајте повеќе

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија …