Филипче

Филипче за католички Божик: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот празник Христовото раѓање – Божик, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.

„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божик биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …