Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Мицкоски, Европското обвинителството на Ковеши за вистинска борба против корупцијата

Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Мицкоски, Европското обвинителството на Ковеши за вистинска борба против корупцијата

  • Христијан Мицкоски стои лично зад враќањето на Артан Груби, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Клик Плус“, на ТВ 21. Филипче истакна дека начинот на кој Груби се појави на граница и третманот што го доби од институциите отвора сериозни прашања за политички договор.

„Како може да се случи да еден бегалец од правда да дојде, да  се појави на граница, да го чекаат камери, да има специјална полиција за него. Значи не официјалната полиција која што стои на границите, туку специјално дојдена полиција. Како може насмеан да му ставаат лисици на рацете, кај сте виделе вие друг човек да му ставаат лисици на раце а тој да се смее“, рече Филипче

Притоа, Филипче посочи дека дополнителен сомнеж за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, отвора и реториката дека Груби ќе открива наводни криминали на СДСМ.

„Реториката е ,сега Артан Груби ќе ги кажува криминалите на СДСМ. Па чекајте од каде знаат тие што ќе кажува Груби ако не се нешто договорени? Дали тоа сето не ви укажува дека има еден договор? И кој е тој бегалец кој што после толку време бегство од земјата ќе се става во домашен притвор со образложение дека тоа е проценка на МВР, за да веднаш потоа излезе директорот на затворот и да каже дека таква проценка нема. Фатени во лага, живи фатени во лага, како и во многу други лаги изминатиот период“, рече Филипче.

Тој додаде никој од СДСМ не стравува од било каков исказ на Груби.

„Јавно го повикувам нека каже вечерва, утре, нека каже сè што има за било кој. Секој кој прекршил закон да одговара, тоа е мојот апел. Ниту стравувам од нешто, ниту некој од моите партиски соработници стравува од нешто“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче потенцираше дека вистинска борба против корупцијата може да има само со реформи во правосудниот систем и со вклучување на европските правосудни институции.

„Немањето реформа во правосудниот систем, тоа што ништо не се спроведува од реформската агенда и нема чекор напред кон Европската Унија, меѓу другото е резултат на тоа што не сакаат вистинска реформа. Вистинска правда ќе има не со ваква партизација, туку тогаш кога ќе дојдат европските правосудни институции, на чело со европското обвинителство и обвинителката Лаура Ковеши, за која гледаме какви постапки води кон официјални лица во земјите членки на ЕУ, еве најсвежите во Хрватска, во Бугарија итн. Тоа нашите луѓе сакаат да го видат“, истакна Филипче.

Тој посочи дека суштината не е во поставување странци на чело на институциите, туку во вистински реформи во системот кои ќе обезбедат независно правосудство и доверба во институциите.

„Сметам дека на партиско судство не може да му се верува, а сега се поставени партиски луѓе. Кого ќе слуша уставниот судија? Ајде кажете, дали ќе го почитува правото или ќе се консултира со премиерот? Тоа е главното прашање“, рече Филипче.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …