Филипче: Започна вакцинацијата на терен, за деца потребно е родителот да закаже термин

Од утрово против ковид-19 се вакцинираат заинтересираните лица од оддалечените рурални места. Во поликлиниката во Шуто Оризари на новиот пункт за вакцинација, утрово се вакцинирани 40 луѓе, верувам дека интересот ќе продолжи. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше на отворање на пунктот за вакцинација во оваа општина.

Министерството за здравство започна процес за теренска вакцинација кој е организиран во секој град, во месните заедници и сите населени места. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира треба да има важечки документ за идентификација.

– Ова е процес кој ќе се одвива без прекин, нема да се оди само еднаш во едно село, туку тимот ќе ротира. Согласно распоредот, вакцинацијата ќе продолжи да се одвива и на терен. На овој начин се олеснува пристапот до вакцина на буквално цела територија на нашата држава. За децата, ќе треба да се закажуваат термини. Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори, мора да се вакцинираат шест лица, па затоа треба однапред да се знае колку деца се пријавени за да не се случи да се фрлаат вакцини – вели Филипче.

Тој кажа дека утрово разговарал со членови на Комитетот за имунизација.

– Рокот за ревакцина од 12 недели на Астра Зенека ќе се скрати на шест недели. Астра Зенека и натаму ќе се дава само на лица повозрасни од 60 години – информира тој.

Според Филипче ситуацијата засега е мирна и затоа се става акцент на вакцинацијата, како единствен механизам за да се зголеми колективниот имунитет.

– Во Британија има голем број нови случаи, но битно е дека нема смртни случаи. Веројатно ќе има и нови соеви и мутации, но со рестрикции не можеме да живееме. Немаме нови случаи на делта сојот. Од сите мутации имаме, но тоа не е само кај нас така, туку е така ширум Европа – додаде тој.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …