Филмот „Сестри“ на Дина Дума е македонски кандидат за Оскар

Филмот „Сестри“ на Дина Дума е македонски кандидат за Оскар

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) го избра филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума за национален кандидат на Република Северна Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, информираат од ДФРМ.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи. Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

Инаку, изборот на нашиот претставник за годинешниов Оскар го направи Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума веќе се прослави годинава на престижниот Филмски фестивал во Карлови Вари, каде што тој ја доби Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …