Филмови за Кирил Џајковски и The Hip на фестивалот „Докенритам“ во Белград

Филмови за Кирил Џајковски и The Hip на фестивалот „Докенритам“ во Белград

Во рамките на фестивалот „Докенритам“ во Белград на 11 јуни ќе бидат прикажани и два македонски музички документарни филмови – за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков.

Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот, со акцент на Македонија.

Фестивалот „Докенритам“, кој е фестивал за музички документарни филмови, ќе се одржи во Студентскиот град во Белград од 8 до 11 јуни. Неговата програма, покрај филмската, се состои од дебати и промоции на книги.

Гостувањето е во рамките на соработката помеѓу здружението Номад-Арт од Скопје и фестивалот „Докенритам“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Скомрахи 2024

Ново издание на Скомрахи од 1-ви до 5-ти номври

На 1 ноември во Драмскиот театар – Скопје ќе се изведе претставата „Кралот Иби“ на …