Финансиската поддршка за исплата на плати спаси стотици илјади работни места, грижата за сите продолжува

Финансиската поддршка за исплата на плати спаси стотици илјади работни места, грижата за сите продолжува

Соопштение за јавност

Една од најуспешните економски мерки за помош на граѓаните и на компаниите погодени од пандемијата со коронавирусот е финансиската поддршка за исплата на плати, со која се спасени стотици илјади работни места во десетици илјади компании.

Само во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари односно близу 48 милиони евра.

Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании.

Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени.

СДСМ и институциите кои ги предводи во време на најголемата светска здравствена и економска криза одговорно, посветено со навремени и сеопфатни мерки застана зад секој поединец, зад секоја компанија која има потреба од помош.

Преку четири пакети економски мерки 1,2 милијарди евра завршија директно кај граѓаните и кај компаниите.

Но не застануваме тука, во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да започне наскоро за да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на еднаква грижа за сите.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Соопштение за јавност на СДСМ Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на …