министерство за финансии

Финансова полиција го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Претресот не е во домот на Јаулески

„Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје“, соопштија од Финансовата полиција.

Од таму појаснија и дека во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела.

Исто така Финансовата полиција апелира акцијата која се спроведува во координација со Основното јавно обвинителство Скопје да не се злоупотребува за политички цели.

Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески најпрво на Фејсбук напиша дека во неговиот дом претставници на финансиската полиција вршат претрес, за потоа во изјави за медиуми да посочи дека претресот се вршел во домот на неговите родители, а истражната постапка се однесувала на компанијата во која реботел неговиот татко.

Пратеникот Јаулески и партијата чиј член е тој, јавно го доведоа во прашање претресот со денешното гласање на доверба на владата во Собранието, закажано за 11 часот.

Речиси сите медиуми во земјата објавија дека претресот е извршен во домот на Јаулески без притоа да ја проверат информацијата, потпирајќи се само на Фејсбук статус.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Преку апликацијата ДИА, дијабетичарите секојдневно можат да внесуваат податоци поврзани со своето здравје и нивоата …