Финската премиерка Сана Марин на средба со премиерот Ковачевски

Финската премиерка Сана Марин на средба со премиерот Ковачевски

Претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин денеска ќе пристигне во еднодневна посета на нашата земја.
Премиерката Марин и делегацијата на финската влада на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.
Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и премиерката Марин ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.
Посетата на премиерката Марин ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …