„Фокусирај се на себе, за себе“, промоција на прирачникот за машко здравје

„Фокусирај се на себе, за себе“, промоција на прирачникот за машко здравје

Во организација на Здружението за унапредување на здравјето „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“- Прилеп, во вторник, 4 јуни, во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе биде промовиран прирачникот за машко здравје „Фокусирај се на себе, за себе“.

Од Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ истакнуваат дека не случајно прирачникот се промовира на почетокот на месец јуни, бидејќи јуни е прогласен за Месец на машкото здравје чија цел е подигнување на свеста за здравствените проблеми кои можат да се спречат, како и поттикнување на раното откривање и лекување на болести кај мажите.

Промотор на прирачникот „Фокусирај се на себе, за себе“ е проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова. Гостин на промоцијата ќе биде спец.уролог д-р Арменд Арслани, а заслуга што прирачникот излезе од печат има ПИ „Витаминка”- Прилеп.

Почетокот на промоцијата е закажан за 19.00 часот.

Прочитајте повеќе

полиција полицајци

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при …