Фон дер Лајен: Нема докази дека Кина ѝ дава оружје на Русија

Фон дер Лајен: Нема докази дека Кина ѝ дава оружје на Русија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е воздржана во однос на прашањето за евентуални санкции против Кина во случај на испорака на кинеско оружје за Русија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази воздржаност во врска со прашањето за можни санкции против Кинаво случај таа да ѝ дава оружје на Русија. „Досега немаме докази за такво нешто. Но, тоа мора да се следи секојдневно“, изјави Фон дер Лајен во Берлин на маргините на средбата на германската владејачка коалиција во Мезерберг, каде беше поканета како гостинка. Таа одговори на новинарско прашање дали се добиени конкретни докази од американска страна дека Кина размислува за испорака на оружје за Русија.

Околу прашањето за евентуални санкции против Кина во случај на ваква испорака, Фон дер Лајен дополни дека тоа е „хипотетичко прашање на кое може да се одговори дури кога би станало реалност“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на оваа тема рече дека постои согласност оти „не смее да има испорака на оружје“: „Кинеската страна изјави дека нема да испорачува (оружје, н.з.). Тоа го бараме и го следиме.“

Кина претходно најави најголемо зголемување на воениот буџет во последните четири години. Кинескиот премиер Ли Кечијанг на почетокот на годишното собрание на Народниот конгрес на Кина (5.03) изјави дека издатоците за армијата ќе се зголемат за 7,2 проценти. Тоа значи дека во воениот буџет на располагање би биле 210 милијарди евра. Кинеските воени сили, според Ли, би требало „да ја интензивираат воената обука и тренинг во сите области, да употребат повеќе енергија за обука во услови на борба и да ја зајакнат воената работа во сите правци и сфери“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …