Ковачевски - Фон дер Лајен

Фон Дер Лајен во посета на Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска ќе пристигне во посета на Северна Македонија со што ја започнува мини турнејата по земјите од Западен Балкан. До крајот на неделава, Фон Дер Лајен, ќе ги посети уште Косово, Албанија, Босна, Србија и Црна Гора. Фон дер Лaјен ќе биде пречекана од премиерот Димитар Ковачевски на платото пред Владата. Од Европската комисија велат дека целта на нејзината посета е да се покаже дека регионот е важен за Европската Унија.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер, најавувајќи ја турнејата на Западниот Балкан, рече дека Фон дер Лајен веќе соопштила дека Западниот Балкан ќе биде вклучен во механизмот на ЕУ за групно купување на гас. Портпаролот на ЕУ исто така посочи дека таа исто така ќе ја нагласи „решеноста на ЕУ да ја продолжи соработката со Западниот Балкан за сите стратешки прашања и клучни работи“, особено кога станува збор за руската агресија врз Украина.

Прочитајте повеќе

(ВИДЕО) Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставни измени, нам ни треба обединета Влада за европска интеграција, не за изолација

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан …