• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Формирана Асоцијација на здруженијата од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи

      29/6/2018
      Македонија
      Формирана Асоцијација на здруженијата од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи

      Вчера во Скопје, 8 здруженија на граѓани: Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Балкански форум за безбедност, Клубот на генерали, Дипломатскиот клуб Скопје, Здружението на дипломирани студенти на НАТО колеџот во Рим, Здружението на воените пензионери на Р. Македонија, Здружението на армиски ветерани и Здружението на учесници во вооружените дејствија при одбрана на суверенитетот на Република Македонија (ЗУВО на РМ) 2001/2002, потпишаа Меморандум за соработка и формираа Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

      Целта на оваа Асоцијација е поддршка и развој на научната и стручната теориско-емпириска дејност во сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи преку дебата, разгледување и размена на идеи, опции и конкретни планирани активности во насока на укажување на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и во регионот, како и промовирање на вредностите на граѓанското општество согласно со Уставот и Законот за здруженија на граѓани и фондации.

      Со Асоцијацијата раководи и активностите ги координира заедничко координативно тело, составено од по еден претставник на секоја од организациите и здруженијата членки на Асоцијацијата.

      Имајќи ги во вид интелектуалните и искуствените капацитети на членките на Асоцијацијата, партнерите се согласија заеднички да соработуваат и да делуваат за остварување на следните цели:

      – преку взаемна соработка, организирани дебати и размена на идеи меѓу партнерите и низ конкретни планирани активности да се изградуваат зеднички ставови во врска со афирмацијата на општите безбедносно-одбранбени вредности и квалитетни меѓународни врски и односи со предлози и укажувања за имплементација на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот;

      – врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и меѓународните односи, да се даде поглед за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој, зацврстување на довербата и соработката во регионот;

      – низ експертски и искуствени сознанија да се придонесе за препознавање на севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на безбедносните состојби, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната безбедност и меѓународните односи, согласно документите на ОН, Советот на Европа и Европската унија.

       

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Заев: Видовме каде ќе биде подигнато нашето знаме во НАТО
      Следно
      Заев: Видовме каде ќе биде подигнато нашето знаме во НАТО
      Ципрас: Двете земји ги надминаа разликите и создаваат надежна иднина
      Претходно
      Ципрас: Двете земји ги надминаа разликите и создаваат надежна иднина

      Слично

      • 21/2/2019

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне
        21/2/2019

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се зголемува со нова механизација
        21/2/2019

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА