Формирано „Здружение на Јавни Службеници“ чија цел е заштита на интересите на јавните службеници

Формирано „Здружение на Јавни Службеници“ чија цел е заштита на интересите на јавните службеници

За прв пат во нашата држава, во Прилеп е формирано „Здружение на Јавни Службеници во Северна Македонија“, кое го опфаќа целиот јавен сектор во државата.

Примарна цел на Здружението е создавање на професионална администрација, односно професионален јавен службеник соодветен и подобен за секое работно место во јавниот сектор.

Согласно Програмата за дејствување на Здружението, негова долгорочна стратешка цел е претставување на јавните службеници и застапување и штитење на нивните интереси во нашата држава, но и во странство.

Како што велат од Здружението, за правилно функционирање на воспоставениот систем во државата, се овозможуваат стручни правни услуги, анализи и изработка на правни мислења во областа на целиот јавен сектор од државната администрација, Министерството за внатрешни работи, Армијата, образованието и науката, културатата, социјалната и детската заштита, здравството, судството и јавното обвинителство, државните и јавните претпријатија, како и трговските друштва во државна сопственост.

Зачленувањето во ЗЈС е по електронски пат, со поднесување на барање за членство на службениот мејл javnisluzbenici@gmail.com. Според статутот, негов член може да биде секој јавен службеник, односно вработен во јавниот сектор на РС Македонија и секој жител на општина Прилеп, како општина од која Здружението започна да дејствува.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …