Утре, недела 2 јуни, во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11:30 часот, Владата на Република Северна Македонија организира Форум „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“.
На првата сесија од Форумот под насловот „Промени 2017 – 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, замениците на претседателот на Владата, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.
На втората сесија која ќе започне во 14:00 часот, насловена „Агенда 2019 – 2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“ свои излагања ќе имаат премиерот Зоран Заев, новинарот Томислав Кежаровски, универзитетската професорка Беса Арифи, претседателот на МАНУ Таки Фити, претседателката на НВО „Амбрела“ и граѓанска активистка Љатифа Шиковска, директорката на „Хелсиншки комитет за човекови права“, Уранија Пировска, претприемачот Коста Петров и претседателот на Управен одбор на „НЛБ Банка АД Скопје“ Антонио Аргир, а дискусијата ќе ја модерира Џабир Дерала, претседател на Цивил – центар за слобода.