Форумот на жени на СДСМ се екипира: избрани заменик-претседателка, генерална секретарка и регионални координаторки

Форумот на жени на СДСМ се екипира: избрани заменик-претседателка, генерална секретарка и регионални координаторки

На синоќешната седница на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, на предлог на претседателката Јована Тренчевска именувани беа заменик-претседателка, генерална секретарка, како и регионални координаторки на Форумот на жени на СДСМ.

Кристина Пеповска е избрана за заменик-претседателка, а Мартина Наумовска за генерална секретарка на Форумот на жени.

За регионални секретарки се именувани:

  • Координаторка за Град Скопје – Љубица Јанчева
  • Изборна единица 1 –  Наташа Станојевиќ
  • Изборна единица 2 – Соња Тодоровска
  • Изборна единица 3 – Весна Стојанова Богоевска и Марија Костова
  • Изборна единица 4 – Надица Дамова и Ксенија Николова
  • Изборна единица 5 – Жаклина Лазаревска и Тања Крнчева
  • Изборна единица 6 – Соња Дамјановска

Во последните неколку години, Форумот на жени претставува значаен фактор во функционирањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и имплементирањето на партиските политики.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …