Фото кино клуб „Прилеп“: Креативност за време на пандемија

Фото кино клуб „Прилеп“: Креативност за време на пандемија

“Creativity is intelligence having fun”, Albert Einstein

Изминатата 2020 година беше најдолгата и најтурбулентната година во која сите имавме чувство дека трае повеќе од 12 месеци. За време на овие несигурни времиња, членовите на Фото кино клубот „Прилеп“ нè потсетија дека креативноста е суштински дел од тоа да се биде човек, но и добар начин како да останете активни во време кога голем дел од културните настани се откажани. Кога социјалниот живот е сведен на миниум, а социјалните мрежи и ТВ приемникот, за најголем дел од луѓето, претставуваат единствен начин да побегнат од реалноста.

Меѓу позначајните активности коишто ФКК „Прилеп“ успеа да ги организира и реализира во услови на пандемија од Ковид-19, беа седмата клупска изложба на уметнички фотографии во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо, проект поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како и проектот поддржан од страна на Општина Прилеп Работилници за фотографија и филм“.

Фото кино клуб „Прилеп“: Креативност за време на пандемија
Central 1 – Hristijan Nikoloski (DMF 2020)

Членовите на Клубот активно учествуваа на повеќе домашни и меѓународни изложби и фестивали, за што зборуваат и освоените бројни награди, дипломи и признанија.

Така, авторот Горан Попоски се закити со два PSA Gold Medals, еден National Silver Medal, национална диплома и 29 примени фотографии.

Авторот Мери Бошкоска, имаше вкупно 15 примени фотографии, како и прва награда во категоријата поединечна фотографија на најпрестижното државно натпреварување во областа на фотографијата „Денови на македонска фотографија 2020″, во организација на ФСМ. На оваа манифестација, Димитар Ристески доби диплома за колекција во младинска конкуренција.

Фото кино клуб „Прилеп“: Креативност за време на пандемија
Living a risky life- Meri Boshkoska – Photo Fest Bitola 2020

Во областа на филмската уметност, на XXVIII Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“ – Битола, во голема конкуренција на непрофесионалните филмски мајстори, членот на ФКК „Прилеп“, Љупчо Ристески доби Сребрена награда 300 за филмовите „Бакар“  и „Секирџија“. Специјалната награда – Плакета за трајни вредности отиде во рацете на авторот Зоран Пилоски за филмот „Тишина“, додека Плакета за монтажа доби филмот „Чевли“, од авторот Филип Петрески.

Она што исто така треба да се одбележи, е дека својот квалитет филмот „Секирџија“ на авторот Љупчо Ристески, го потврди и на 49 Државен фестивал за непрофесионален филм ДФНФ 2020, каде освои бронзена плакета. На истиот фестивал, авторот Зоран Пилоски доби златна плакета за монтажа за филмот  „Заборавена земја“, додека пак тричлениот тим во чиј состав беа Зоран Пилоски, Роберт Темелкоски и Андреј Златаноски, освои златна плакета за камера, за филмот „Тишина“.

Активности кои што ги спроведува ФКК „Прилеп“ влијаат врз поттикнување и развој на креативниот потенцијал кај младите и возрасните во областа на фотографската и филмската уметност. Дополнително пак, освоените награди, дипломи и признанија на членовите на Клубот, имаат значаен придонес врз популаризацијата како на ФКК „Прилеп“, така и на фотографската уметност и филмската култура на национално и меѓународно ниво.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …