Фотографија на денот: Италија им ги скрши срцата на Англичаните на „Вембли“

Фотографија на денот: Италија им ги скрши срцата на Англичаните на „Вембли“

Со драматична серија пенали, фудбалската селекција на Италија ја совлада репрезентацијата на Англија со 3:2, откако финалето на ЕУРО2020 пред 60.000 гледачи на „Вембли“ по 120 минути игра заврши со резултат 1:1.

Англија дојде во водство со најбрзиот гол во историјата на европските финалиња, кој по само 117 секунди го постигна Лук Шо.

Италија го израмни резултатот во 67 минута преку Леонардо Бонучи.

Во пенал серијата за Италија прецизни беа Бернарди, Бонучи и Бернардески додека кај Англичаните ударите од 11 метри ги реализираа Кејн и Мегваер,

Ова е втора европска шампионска титула за Италија по 1968 година, а сонот на Анличаните дека по 55 години ќе забележат успех, се распрсна.

Во повеќе градови во Италија, од Милано до Палермо, ноќеска навивачите славеа по улиците. Рим ја прослави победата на италијанските фудбалски репрезентативци со огномет како на Нова година, во повеќе квартови се одвиваа автомобилски корза, фановите испалуваа петарди.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …