Фотографија на денот: Кралски прием

Британската кралица Елизабета Втора приреди прием за лидерите на Г7 , кои учествуваат на тридневниот самит кој се одржува во местото Карбис Беј во Корнвол, на југозападот на Англија.

На приемот одржан во туристичката атракција „Проџект Идн“ во Корнвол, кој беше затворен за поголемиот дел од медиумите, присуствува три генераци од кралското семејство, кралицата Елизабета, принцот Чарлс со сопругата Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Бајден е 13-ти американски претседател со кого се сретна кралицата Елизабета за време на своето 69 годишно владеење, а приемот за светските лидери е прво поголемо јавно случување на кое присуствуваше по смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип, во април.

На вчерашниот прием во фокусот на разговорите, според упатените, биле здравствените прашања, со оглед на пандемијата на коронавирусот, што впрочем е и централна тема на самитот во Карбис Беј.

Лидерите на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и на земјата домаќин Велика Британија денеска ќе објават „Декларација од Карбис Беј“,  која за цел поставува надминување на последиците од пандемијата преку сеопгатна обнова и спречување на идни пандемии. за тоа ќе бидат потребни повеќе истражувања, поголема заштита на животната средина и подобра здравствена заштита на луѓето.

Земјите од Г7, кои досега искористи три четвртини од сите достапни вакцини против Ковид-19, ветија дека ќе го променат овој пристап, што Обединетите нации често го критикуваа. Државите од Г7 и ЕУ сакаат да донираат најмалку една милијарда дози на вакцини за посиромашните држави до крајот на следната година.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …