Масовно корона-тестирање во Кина

Фотографија на денот: Масовно корона-тестирање во Кина

Кина почна масовно корона-тестирање на населението во градот Тијанџин. Со тоа би требало да се спречи ширењето на Омикрон.

Три недели пред Олимписките игри во Пекинг, жителите на градот Тијанџин, кој од главниот град на Кина е оддалечен 115 километри, мора да се подложат на тестирање за корона. На тест мора да заминат сите 14 милиони жители на градот. Училиштата и универзитетите се затворени, а прекинат е и сообраќајот помеѓу Пекинг и Тијанџин.

Во неделата (9.01) Тијанџин ги потврди првите локални Омикрон-случаи во Кина. Сепак, како што се тврди, тоа нема да влијае врз Олимписките игри.

„Не сме загрижени дека тоа може да влијае врз врз Игрите“, изјави Пјер Дукре, надлежен за организација во Меѓународниот олимписки комитет. Тој додава дека постои „многу добра заштита во рамки на меурот“, односно дека нема да има никакви контакти помеѓу луѓето во затворениот олимписки круг и другите лица во Кина. Во рамки на тој „корона меур“ сите се вакцинирани и мора секојдневно да прават тестови.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …