Фотографија на денот: Отстранет споменикот на украинско-руското пријателство во Киев

Фотографија на денот: Отстранет споменикот на украинско-руското пријателство во Киев

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, нареди отстранување на споменикот на украинско-руското пријателство од главниот град.

Огромниот споменик кој прикажува двајца работници – еден Украинец и еден Русин – е отстранет од Киев поради руската инвазија на Украина. Прво падна главата на рускиот работник, напиша градоначалникот Витали Кличко на Телеграм.

Демонтажата, како што се вели, не била лесна, но на крајот се успеало во намерите. Отстранувањето на споменикот има симболична сила, вели Кличко: „Мора да го протераме непријателот и окупаторот од нашата земја.“

Споменикот, поставен во 1982 година, е еден од трите дела на ансамблот кој симболизира пријателство меѓу двата народа. Во тоа време Украина и Русија беа дел од Советскиот Сојуз. Се најавува отстранување и на групата фигури од црвен гранит поставени во чест на поврзаноста на двата народа, а огромниот лак од титан, кој се издига над спомениците, ќе остане и ќе биде преименуван во „Лак за победата на украинскиот народ“.

Кличко најави дека од главниот град ќе бидат отстранети уште околу 60 споменици, релјефи и знаци кои симболизираат поврзаност со СССР и Русија.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Претседателот Доналд Трамп потпишува извршни наредби на првиот ден од неговиот втор мандат, 20 јануари, 2025 г. | Фото: The Trump White House, Public domain, via Wikimedia Commons

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за оружје вреден 142 милијарди долари пред средбата на Трамп со сирискиот лидер

Говорејќи на инвестициски форум, Трамп изјави дека планира да ги укине санкциите кон Сирија по …