Фотографија на денот: Отворање на патот за 30-та членка на НАТО

Фотографија на денот: Отворање на патот за 30-та членка на НАТО

НАТО денеска ги започнува подготовките за отворање на патот за прием на 30-та членка на Северноатлантската воена алијанса. Во Брисел амбасадорите на членките на НАТО ќе го потпишат Пристапниот протокол за Македонија.

По потпишувањето на протоколот приемот на новата членка под новото име Северна Македонија мора да биде ратифициран во парламентите на 29-те земји од НАТО. Доколку ратификацијата како во случајот на Црна Гора трае околу една година, Македонија официјално би станала членка на Северноатлантската воена алијанса во 2020 година. Дотогаш земјата ќе може како гостин, без право на глас, да учествува на средбите на НАТО и политички и воено ќе стане дел од системот и процедурите на Алијансата.

Македонија и нејзините воени сили- на #ФотографијаНаДенот е почесната гарда на АРМ- се „зрели“ за членство речиси 11 години.
Денешното потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел следува по ратификацијата на Преспанскиот договор во парламентите во Скопје и во Атина, со што се отстранува грчката блокада на приемот на Македонија које е во сила од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …