Фотографија на денот: Шанса за летните тераси?

Фотографија на денот: Шанса за летните тераси?

Епидемиолошката ситуација во земјата се чини се подобрува. Доколку се потврди трендот на прекршување на третиот бран, македонските здравствени власти ќе ја разгледаат можноста за ублажување на рестриктивните мерки.

Во период од 27 април до 15 мај , полицискиот час наместо од 20 би важел од 21 часот до 05 часот наредниот ден, би било дозволено отворање на летните тераси на угостителските објекти,  организирање на спортски тренинзи од страна на  на отворен простор, наместо во затворени спортска сали…

Ова се опциите за можно ублажување на рестрикциите кои денеска ќе ги разгледа македонскиот Кризниот штаб доколку се потврди трендот на опаѓањe на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица во земјата.

Утре имено истекува важењето на актуелните рестриктивни мерки, воведени поради драматичната епидемиолошка ситуација во земјата во третиот бран на Ковид-19.

Според министерот за здравство Венко Филипче епидемијата бележи надолен тренд а мерките дале резултати. Сепак тој предупредува дека таа може многу бргу да се дестабилизира, доколку не се почитуваат мерките. Тој во објава на Фејзбук ги повика граѓаните одговорно да се однесуваат за време на  претстојните празници, без групирање и прекршување на мерките за заштита од Ковид-19.

Инаку бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 16858, а на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат
1507 пациенти.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …