Фотографија на денот: Угостителите бараат помош

СОС – повикот за помош e напишан со помош на столчиња поставени од угостители на демонстрации во Дрезден.

Вчерашниот протест беше трет од воведувањето на мерките за изолација во рамките на борбата против пандемијата на коронавирусот во Германија и затворањето на рестораните и кафулињата. Акцијата „Празни столови“ треба да го сврти вниманието кон проблемите на гастрономите, хотелиерите и организаторите на манифестации, а се спроведува во 80 градови во земјата.

Угостителската бранша е особено погодена од застојот поради корона-кризата. Во рестораните сe’ уште не може да се седи. Дозволено е само нарачување храна за земање. За состојбите во гастрономијата се најавени разговори на надлежните покраински министри наредната недела, но надежите за брзо отворање на угостителските објекти за муштерии се мали.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Вештачката интелигенција е зрела за потенцијални злоупотреби, предупреди ФБИ

Исто како што многумина во САД почнуваат да истражуваат како да користат вештачка интелигенција за …