Фотоволтаични системи на три јавни објекти во Делчево
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Фотоволтаични системи на три јавни објекти во Делчево

Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската Унија и имплементирана од Министерството за финансии, а администрирана од Светска банка. Средства во висина 15,5 милиони евра,државата ќе ги добие од Европската Унија за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ наПрограмата вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20,667 милиони евра.

 Општина Делчево е една од 36 општини, каде што е предвидено инсталирање на фотоволтаични системи на три јавни објекти.  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, потенцираше дека со инсталацијата на фотоволтаични системи на општинската зграда и на двете основни училишта во Делчево продолжува имплементацијата на стратешките цели на Општината за енергетска ефикасност.  

„Делчево ќе добие значајна заштеда на електричната енергија и директно ќе се намалат трошоците на Општината. Истовремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија во Делчево со што освен што ќе штедиме енергија, значајно ќе се придонесе и за заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на Општина Делчево. Ова е уште еден чекор повеќе за Општина Делчево, кога е во прашање енергетската ефикасност. Овде ќе потсетам дека Делчево штеди енергија и до 70% на јавното осветлување со замената на 760 живини со лед-светилки“, рече Трајковски.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …