Фрчкоски: Социјалдемократијата

Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања

Социјалдемократите и левите либерали треба да ја напуштат како погрешна слепата верба во технолошкиот напредок, како автоматски пат кон еманципација на индивидуата и ослободување на општеството во целина. Тоа е тешка задача, но неопходна за релативизирање на модернистичката парадигма за автоматскиот напредок, рече Јон Фрчкоски, директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, на конференцијата организирана од ФЕС, во Подгорица, Црна Гора

„Социјалдемократијата треба да научи дека национализмот не одумира со напредокот и глобализацијата. Тој треба да се зацврсти и засили како единствен одговор на слепиот глобализам, како сигурна заштита од отворањето на нациите и државите, кое буди страв од иднината и заштитата на културниот идентитет. Социјалдемократијата треба да пронајде приемчив проект на валидација на националната култура и отворањето, кое не е десничарско, но сериозно ги разбира и создава простор за развој на националните партикуларни култури“, рече Фрчкоски.

Тој на конференцијата во Подгорица потенцираше дека социјалдемократијата треба да пронајде начин да докаже дека со отворањето и регионална и глобална солидарност, националниот спецификум не се губи, ниту загрозува, туку може да се зацврсти и да добие на самодоверба.

„Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања. Бидејќи најголем дел од идните политички борби се борби во контекст на културата и нејзините избори. Социјалдемократијата и левиот либерализам мора емоциите во политиката да ги разберат, не да ги потценат како второстепен политички инстинкт, и да се подготват за борба за своите вредности на индивидуални човекови права, права на етничките малцински култури и ранливи групи и малцинства, правда и солидарност, а не овие вредности да ги земаат здраво за готово како еднаш достигнати и веќе дадени“, рече Фрчкоски.

Националната десница во Македонија е само по проста форма на основните линии опишани кај европската радикална десница (национализам, вдомена етничка омраза, ксенофобија и затвореност, лажна реторика про – ЕУ но сè се прави да остане изолацијата на земјата (континуитет на груевистичката политика) крајна неодговорност на блокирање на земјата.

СДСМ и левата коалиција мора да пронајде форма на создавање привлечен модел на отворен еманципиран Македонец/ка како културно дефиниран и самоуверен лик за кој може да се гласа без страв од ‚‚наводно исчезнување‚‚ со отворањето.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на …