Медиуми камери

„Фридом Хаус“: Македонија со напредок во медиумскиот сектор, но и понатаму е во групата земји со транзициски хибридни режими

Најновиот извештај „Држави во транзиција“ на „Фридом Хаус“ за 2020 година покажува дека Македонија напреднала во критериумите „изборен процес“ и „независни медиуми“. Овогодинешната оценка за нашата земја е 3,75 и ова е трета година по ред да се подобрува демократскиот напредок. Македонија и Косово се единствените две земји од Балканот во кои е констатиран напредок на демократијата во 2020 година. Најлоша оценка од 3,57 во извештајот „Држави во транзиција“ од „Хридом Хаус“ добивме во 2017 година.

Во извештајот на „Фридом Хаус“ е евидентиран напредок во медиумскиот сектор, чија што независност годинава е оценета со 3,5. Сепак, ваквата оценка не е поволна, бидејќи пониско рангирани од неа се единствено справувањето со корупцијата и судската независност во Македонија. Во 2020 година највисока оценка од 4,75 има добиено граѓанското општество во земјава.

И покрај констатираниот напредок, Македонија останува во групата на земји со транзициски хибридни режими, во која како европски земји се вклучени Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Молдавија и Украина.

Категоријата на држави со транзициски хибридни режими значи дека во Македонија се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓанските слободи.

Еден од авторите на овогодинешниот извештај на „Фридом Хаус“, Мајкл Шмелцер, во изјава за „Гласот на Америка“ вели дека напредок во областа на медиумите на Балканот е постигнат кај Македонија и Косово.

– Двете земји бележат напредок во областа на независните медиуми. Нашите стручњаци утврдија долгорочен тренд на пораст на објективното и веродостојно известување, како и зголемување на бројот на различни медиуми – посочи Шмелцер.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …