Фудбалската федерација на САД го тргна исламскиот амблем од знамето на Иран

Фудбалската федерација на САД го прикажува националното знаме на Иран на социјалните мрежи без амблемот на Исламската Република, велејќи дека ги поддржува демонстрантите во Иран пред натпреварот на Светското првенство на двете нации, на 29 ноември.

Федерацијата преку соопштението на 26 ноември објави дека одлучила да се откаже од официјалното знаме на профилите на социјалните мрежи за да покаже „поддршка за жените во Иран кои се борат за основните човекови права“.

Потегот доаѓа во време кога во Иран продолжуваат националните протести против владата на Техеран. На Твитер профилот на тимот на САД беше прикажан транспарент со натпреварите на тимот во групната фаза, а знамето на Иран ги имаше само зелената, бела и црвена боја.

Репрезентациите на САД и Иран во вторник ќе играат меч во Катар, како последен натпревар од третото коло на Мундијалот, по што ќе следи осмина финалето на Светското првенство во фудбал.

Протестите во Иран се интензивираа по смртта на младата Иранка Махса Амини, која почина во притвор откако била приведена бидејќи не носела марама според строгите исламски правила во земјата.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …