ФЗО Фонд за здравствено осигурување

ФЗО: Зајакнати контроли и поскапи здравствени услуги

Матични лекари во приватни гинеколошки ординации воМакедонијанезаконски наплаќале услуги и не издавале фискални сметки. Ова го покажа контролата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП). Надлежните институции најавија засилени икоординирани контролии други мерки. 

Незаконски наплати кај матични гинеколози

Фондот има договори со 149 ординации за примарназдравствена заштита.Во ноември, по 13 години без контроли, ФЗО и УЈП провериле 49 установи. Резултатите се :

  • 26 установи без неправилности
  • 23 со неправилности
  • 8 наплаќале од осигурени лица
  • 20 имале проблеми со фискализација.
Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување 24.12.2011
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, најави дека од 1 јануари ќе има зголемување на партиципацијата за здравствени услуги

Засилени контроли од УЈП

Директорката на УЈП, Елена Петрова, истакна дека една третина од проверените субјекти имале проблеми со регистрирање на готовинскиот промет и им се изречени прекршочни санкции. „Неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања, стекнување личен имот од неоданочен доход, како и за плаќања на набавки во готово што директно ја храни сивата економија“, вели таа. 

Пораката на УЈП е дека нема да се толерира ваквото однесување. 

Зголемување на цените на специјалистички пакети

Директорот на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), Сашо Клековски, најави дека од 1 јануари ќе има зголемување на партиципацијата за здравствени услуги. За услуга која сега чини 40 денари, ќе се наплаќа 60 денари.
Специјалистички преглед со земање брис ќе поскапи од 400 на 750 денари, ургентен пакет од 780 на 2.450 денари, а ехо на еден орган од 300 на 670 денари. Клековски најави зголемување на цените на основниот специјалистички пакет и интернистичкиот пакет. Специјалистичкиот преглед ќе поскапи од 380 на 720 денари. Очекуваниот ефект е околу милијарда денари годишно, од кои 80% во јавниот и 20% во приватниот сектор.

ФЗО планира и воведување на Е-рецепт во 2026 година за подобра контрола на индикациите и дозирањето. Целта е намалување на неоправданата употреба на лекови и зголемување на оправданата употреба.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија …