Г20 со апел да се забрза вакцинацијата во сиромашните земји

Г20 со апел да се забрза вакцинацијата во сиромашните земји

Од самитот на Г20 во Рим е испратена порака да се забрза вакцинацијата во сиромашните земји, бидејќи, како што истакна домаќинот на собирот италијанскиот премиер Марио Драги нееднаквоста во пристапот до вакцините меѓу богатите и сиромашните земји е „морално неприфатлива“. Драги, рече дека само три отсто од луѓето во најсиромашните земји во светот се вакцинирани, додека 70 отсто во богатите земји примиле најмалку една доза. Климатските промени, вакцините, економското закрепнување, меѓународното оданочување беа теми за кои лидерите на Г20 разговараа на првиот самит на кој присуствуваа во живо од почетокот на пандемијата.

На самитот во Рим преку видео врска учествуваа само претседателите на големите економски играчи на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин. Пред самитот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика лидерите на Г-20 да ги надминат „опасните нивоа на недоверба“ и меѓу себе и со земјите во развој и да ги „постават на вистинскиот пат“ глобалните напори за спречување на глобалното затоплување. Тој ја нагласи „посебната одговорност“ на земјите од Г-20, кои се одговорни за најголемиот дел од емисиите на стакленички гасови во светот. Повеќето шефови на држави и влади кои учествуваа на самитот на Г20 во Рим отпатуваат во Глазгов на самитот COP26 за климатските промени.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …