(ГАЛЕРИЈА) Крушево: Мастеркласови на големите мајстори на кујната од екс-ЈУ просторите, за учениците од „Наум Наумовски-Борче“

(ГАЛЕРИЈА) Крушево: Мастеркласови на големите мајстори на кујната од екс-ЈУ просторите, за учениците од „Наум Наумовски-Борче“

Крушевското средно училиште „Наум Наумовски – Борче“, вчера беше организатор и домаќин на редок и несекојдневен настан.

Имено, по иницијатива на претседателката на националната асоцијација на готвачи „ГАСТРОМАК“, Адријана  Алачки, пред учениците од угостителско-туристичката струка (готвачи, хотелски и угостителски техничари), своите мали тајни ги открија големите мајстори на кујната од бившите ЈУ простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ и Вук Митровиќ.

Покрај учениците од сите години во СОУ „Наум Наумовски – Борче“, на мастеркласовите присуствуваа и професорите по стручни предмети, претставници на угостителската фела – социјални партнери на училиштето, како и градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Сите тие имаа ретка можност да слушнат дел од неоткриените тајни на врвните мајстори на кулинарските вештини, кои пак не го криеја задоволството од протоколот и севкупната организација на настанот.

Како што истакна директорката на крушевското средно училиште, Снежана Миленковска, реномираните гости ја потенцирале соодветната униформираност на сите 52 ученика од угостителско-туристичката струка, од исклучителната професионалност на учениците и наставниците, како и од послужувањето и уреденоста на просторот.

Исто така, како што нагласи Миленковска, потенцирани биле добрите услови за работа во училиштето, одличната базична „поткованост“ на учениците, а посебно било истакнато редовното учество на бројни натпревари во земјата и во странство.

За време на кусиот престој во Крушево, Карапанџа, Бремец и останатите врвни мајстори на кујната беа воодушевени од местоположбата, архитектурата и историјата на градот, од храната и гостопримството на крушевчани, нагласувајќи дека градот има голем туристички потенцијал кој не е доволно искористен.

Тие не ја пропуштија можноста да се запознаат со убавините на Крушево, при што ги посетија галеријата „Никола Мартиноски“, црквата „Св.Никола“, споменикот „Македониум“, Спомен куќата и вечното почивалиште на Тоше и, се разбира, работилницата за производство на познатиот крушевски локум и на целувки.

Прочитајте повеќе

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

Oператорите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, …