Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ ги продолжи интензивните теренски активности во општините ширум државата, при што ги посети руралните општини од Пелагонискиот регион: Могила, Новаци, Кривогаштани и Долнени.
- Интеграцијата е клучна алка од остварувањето на македонскиот вековен стремеж, младите македонски генерации да имаат сигурна иднина, со сета своја посебност, традиција и култура, рамо до рамо со народите од големото европско семејство. Од никулците за создавање слободна македонска држава до денешните процеси на новото време и новата поставеност на светот и Европа, суштински важно било препознавањето на овие глобални текови и јасно национално позиционирање. Сега имаме нова историска шанса, објективното да ги согледаме можностите и заеднички да делуваме, целосно да се интегрираме во Унијата. Затоа што интеграцијата е гарант подобар живот и сигурна македонска иднина. СДСМ како државотворна партија го предводи овој процес, но потребно е широко обединување за целосно остварување на македонските интереси, интересите на нацијата, на државата и интересите на сите наши граѓани, рече Зечевиќ.
Зборувајќи за основите на заедничкото живеење како социјалдемократски принципи Зечевиќ рече дека глобалните констелации повикуваат на заедничко делување и придонес за европската иднина на државата во интерес на сите нејзини граѓани.