Гаврил Бубевски нов шеф на скопското обвинителство

Јавниот обвинител од поранешното СЈО, Гаврил Бубевски е избран за нов шеф на Скопското обвинителство. Ваква одлука донесе денеска Советот на јавни обвинители откако веќе подолго време шефовското столче во обвинителството е празно.

Тој доаѓа на местото на обвинителот Сашо Рајчев кој пак уште во април 2021 година беше избран за Виш јавен обвинител. Бубевски како дел од поранешното специјално обвинителство, ги застапува предметите „Монструм“ за кој предмет сега е најавен и меѓународен мониторинг и „Насилство во Центар“ кој заврши со правосилна пресуда од 1,5 години затвор за екс премиерот Никола Груевски.

Тој го водеше и предметот Титаник 3 каде обвинети се функционери на ДУИ за изборни нерегуларности, Ејуп Алими и Исмет Гури, а на едно од судењата објави и дека добива закани.

Извор: ТВ Телма

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …