ГЕРБ го врати мандатот за состав на влада, Бугарија пред нови избори

ГЕРБ го врати мандатот за состав на влада, Бугарија пред нови избори

Најголемата политичка партија во Бугарија се откажа од намерите да формира влада по победата на парламентарните избори на почетокот на месецов. Шансите за предвремени избори растат.

Иако партијата ГЕРБ на досегашниот премиер Бојко Борисов освои најмногу места во парламентот на изборите на 4 април, бесот поради широко распространетата корупција во земјата ја остави без потенцијални партнери во поделениот парламент.
Мандатарот за состав на новата влада, Даниел Митов му го врати мандатот на претседателот Румен Радев откако двете партии чија поддршка ја бараше ГЕРБ одбија дури и да се состанат со него.
„Со оглед на нивниот арогантен став, нема ниаква поента“, изјави премиерот во заминување и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов на партиски состанок пред враќањето на мандатот.

Претседателот Радев рече дека не му се брза да и го понуди мандатот на втората најголема партија во парламентот, движењето на ТВ-водителот и пејач Слави Трифонов, оставајќи и повеќе време да ги разгледа своите опции.

Од партијата на Трифонов, „Има таков народ“ засега не ги откриваат плановите, но најавуваат дека не планираат да застанат на чело на владата, затоа што нема да имаат мнозинство дури и ако им се приклучат двете помали партии во парламентот кои се потенцијални партнери. Од друга страна, Трифонов не сака да коалицира со традиционалните партии како ГЕРБ, Социјалисти и Партијата на Турците.

Доколку не се избере влада по три обиди, парламентот мора да се распушти, и да се формира преодна влада која ќе распише нови избори во рок од два месеци.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Европа ќе се поврзува со брзи железници до 2040 година

Европа ќе се поврзува со брзи железници до 2040 година

Европската комисија претстави два нови плана за намалување на емисиите на јаглерод во транспортниот сектор …