ГЕРБ го врати мандатот за влада, Бугарија оди кон третите избори во половина година

ГЕРБ го врати мандатот за влада, Бугарија оди кон третите избори во половина година

Поранешната владејачка бугарска политичка партија ГЕРБ денеска не се нафати да формира нова влада на многу необичен начин. Тие прво во партиското седиште, само за своите избирачи, ги презентираа имињата на предвидените министри кои би влегле во новата коалициска влада со Сојуз на демократските сили (СДС), а половина час подоцна, претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи мандатот на Даниел Митов, кандидатот за премиер. Но Митов веднаш го врати мандатот со објаснување дека не гледа начин да го реализира и дека треба да продолжи уставната процедура, јави „Медиапул“.

„Благодарам за олеснувањето“, одговори Радев по 3-минутната средба. Сега тој може да даде и трет мандат по вонредните избори на 11 јули за формирање влада. Пред неколку дена и партијата „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, која се смета за победник на вонредните парламентарни избори на 11 јули со освоени 65 пратенички места во 240-члениот парламент на Бугарија, воопшто не ни презентираше кандидати и со одлука на парламентот се заклучи дека можностите за прво доделување мандат се пропаднати, со што се отвора можност за второ доделување мандат – на ГЕРБ и на СДС.

Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, вели дека другите партии преговараат меѓусебно, но никој не разговара со ГЕРБ, која пак, нема да ја поддржи кандидатурата на Ива Митева за претседател на парламентот или за изборот на парламентарните комисии.

Митов пак објасни дека ситуацијата е сега комплицирана и не може да се реши со второто доделување мандат – првото беше на ИТН, но рече дека нема да може да се формриа влада без ГЕРБ и според него, во оваа ситуација ќе мора да се оди на нови предвремени избори.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …