ерила акција на „Кој е следен“: „Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“

Герила акција на „Кој е следен“: „Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“

Акцијата е пред Маршот на ангелите кој е закажан за во сабота, 15 ноември во 12:05 часот на Плоштадот Македонија

Иницијативата „Кој е следен“ денеска со герила акција на повеќе споменици низ Скопје упати пораки до властите барајќи правда за жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  На спомениците во центарот на градот, на кои се претставени мајки и мајки со деца беа закачени пораки „Нема вода што ќе ви ја измие вината“, „Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“ и други.

Видеото од герила акцијата е споделено на социјалните медиуми на иницијативата во кои се најавува следниот Марш на ангелите кој е закажан за во сабота, 15 ноември во 12:05 часот на Плоштадот Македонија.

Маршот од плоштадот ќе продолжи покрај Собранието до Основниот кривичен суд, каде што на 19 ноември треба да почне судскиот процес за пожарот во Кочани.

„Ние веруваме дека Македонија има совест. Дека знаеме да се сплотиме кога најмногу боли. И дека сме подготвени, заедно, да се исправиме против најголемото зло – корупцијата што им го одзеде животот на нашите деца. Болката е наша, но борбата е на сите нас“, порачуваат од „Кој е следен“.

Во најавата за маршот, се споделени и стиховите на поетот Ванчо Николески од стихозбирката „Песни“ инспирирани од страдањата на мајките.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

Судење: Одбраната негира градежни пропусти за „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите градежни инспектори истакна дека …