Герила акција за “добредојде“ на Гордана Сиљановска во Прилеп

Герила акција за “добредојде“ на Гордана Сиљановска во Прилеп

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на државата, Гордана Сиљановска-Давкова за време на нејзината денешна посета на Прилеп, на влезовите од градот ја пречекаа транспаренти чија содржина алудира на неколкуте гафови кои таа ги направи за време на нејзината изборна кампања.

„ПП Е КРАТЕНКА ЗА ПРИЛЕП, НЕ ЗА ПРОБИШТИП. УЧИМЕ ГЕОГРАФИЈА СО ГОГА“, пишуваше на транспарентите поставени на влезовите во градот.

Герила акцијата со која прилепчани и’ посакаа добредојде на Сиљановска во градот под Марковите кули, е потсетување на нејзините “географски“ гафови, кога ги помеша Кавадарци со Неготино, а Кочани со Кичево.

Тоа беше причина претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ да биде предмет на исмејување на социјалните мрежи, при што многумина го поставија прашањето за нејзиниот кредибилитет да биде Претседател на државата, во услови кога не ги познава ниту урбаните, а камоли пак руралните средини.

Од тие причини, како надалеку познати мајтапчии, прилепчани не ја пропуштија можноста да ја пречекаат со транспарентот „ПП Е КРАТЕНКА ЗА ПРИЛЕП, НЕ ЗА ПРОБИШТИП. УЧИМЕ ГЕОГРАФИЈА СО ГОГА“.

 

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …