Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот, цензусот бил премногу висок
bilateral meeting of Mrs. Merkel and Mr. Zaev.

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот, цензусот бил премногу висок

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала, пренесува „БТА“.

Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не бил постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …