Германија го потпиша Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Германија го потпиша Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Сојузната Влада се согласи да го потпишe Протоколот на Северно-атлантскиот договор за пристапот на Република Северна Македонија, соопштуваат од германската амбасада.

„Ние сме убедени дека пристапот на Северна Македонија кон НАТО ќе претставува придонес за безбедноста и стабилноста не само во евроатлантскиот простор и нема да ја зајакне само трансатлантската заедница, туку тој ќе биде важен импулс за понатамошно стабилизирање на Западен Балкан. Значи, тоа навистина е добра вест за Европа и за трансатлантската алијанса“, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

Според Зајберт, пристапот кон НАТО ќе влезе во сила откако сите држави-членки на НАТО поединечно ќе ја достават информацијата дека го ратификувале пристапниот Протокол.

„За таа цел, во Германија потребен е Закон за договор. Сојузната Влада ќе се залага за брзо донесување на овој Закон за договор. Од моментот кога пристапниот Протокол ќе биде потпишан во Брисел, Северна Македонија ќе има статус на набљудувач во Алијансата“, додаде тој.

Зајберт појаснил дека Европскиот совет најрано во јуни 2019 година ќе одлучи дали со Северна Македонија ќе бидат почнати преговорите за пристап кон ЕУ, при што основен критериум за позитивната одлука е напредок во врска со видливи и одржливи реформи, борбата против организираниот криминал и корупција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …