Мануел Сарацин

Германија: Мануел Сарацин – специјален владин претставник за Западен Балкан

Токму во сегашната ситуација, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан за Германија имаат највисок стратешки приоритет, истакнува министерката за надворешни работи, Аналена Бербок.

Новиот германски специјален владин ополномоштеник треба да помогне во пристапното напредувањето на земјите од  Западен Балкан  кон ЕУ, како и во унапредување на еколошката трансформација на индустрискиот и енергетскиот сектор во регионот.

Во чекалницата за  прием во ЕУ  се наоѓаат кандидатите  Северна Македонија,  Албанија, Црна Гора и Србија, а подоцна треба да следат БиХ и Косово.

Мануел Сарацин припаѓа на Партијата на Зелените, од 2008 до 2021 година беше член на Бундестагот.

Sondersitzung des Bundestags zum Krieg in der Ukraine - Annalena BaerbockАналена Бербок: Силен, стабилен и мирен Западен Балкан одлучува и за иднината на ЕУ

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази задоволство од одлуката за именување на Мануел Сарацин за специјален ополномоштеник на германската владата за земјите од Западен Балкан.

Бербок истакнува дека го цени Сарацин посебно поради тоа што знае со колкава страст тој се ангажира за регионот.

„Токму во сегашната ситуација, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан за Германија имаат највисок стратешки приоритет. Како влада одлучивме да именуваме специјален претставник кој заедно со шесте држави целно ќе работи на развојните перспективи и најдобро што може ќе ги поддржува тековните реформски процеси. Мануел Сарацин во тоа тесно ќе соработува со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Косово – Србија, Мирослав Лајчак, како и со Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

Силен, стабилен и базиран на мир Западен Балкан во Југоисточна Европа одлучува и за иднината на Европската унија“, се вели во соопштението на министерката за надворешни работи Аналена Бербок.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …