Германија во септември ќе одобри датум за преговори со ЕУ

Германија во септември ќе одобри датум за преговори со ЕУ

Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, соопшти владината прес служба по средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно“, се наведува во соопштението.

Заев, според соопштението, порачал дека земјата има целосна доверба во Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …